МЗТ Скопје Аеродром-Будуќност 65-81

2015 05 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром убедливо се поразени на домашен терен од тимот на Будучност Воли со резултат 65-81. Црногорскиот шампион одигра одличен меч, со цврста и агресивна одбрана на која додаде балансиран напад, па предноста која ја стекна по првото полувреме, рутиринирано ја задржа се до крајот на мечот за нивни 13.ти триумф оваа сезона.
Домашниот состав не најде начин да го задржи одличниот Дарко Планиниќ кој мечот го заврши со 20 поени со 8 скока и остварени 30 индексни поени. Во победничкиот тим добра игра прикажаа уште и Рејнолдс со 15, Суботиќ со 14 и Пануниќ со 13 поени.

Сеад Шеховиќ беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 15 постигнати поени, Лучиќ имаше 14, додека Синовец и Диксон дадоа по 10 поени.

Следниот настап за МЗТ Скопје во АБА лигата е гостувањето во Унгарија кај тимот на Шолнок, во меч кој е закажан за петок (09.01.2015) со почеток од 20:00 часот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page