Задар-МЗТ Скопје Аеродром 74-69

2014 27 Дек

МЗТ Скопје Аеродром го доживеа и 10.тиот пораз во АБА лигата, откако вечерва е совладан од домашниот состав на Задар со резултат 74-69 во рамките од 15.то коло на регионалното кошаркарско натпреварување. Избраниците на тренерот Боби Митев одиграа катастрофално лошо во првиот период од мечот во кој дозволија домашниот состав да има убедливо водство од 27-12.  Задар стигна до највисоката предност во 15.тата минута од мечот кога имаа позитива од плус 23 поени разлика и резултат 39-16. Од тој момент МЗТ Скопје почна да се враќа резултатски, добивајќи ги преостанатите три четвртини, но се што успеа да направи до крајот беше да се доближи на само 3 поени разлика.

МЗТ Скопје немаше одговор за одличните Џејмс Флоренс и Иве Иванов кои беа први стрелци со 24 поени, додека  феноменален под обрачите беше Јосип Собин со 15 поени и дури 19 остварени скока.

Предраг Самарџиски повторно беше најдобар играч во составот на МЗТ Скопје со 20 поени и 11 скока. Цветковиќ беше стрелец на 12, а Стефан Синовец на 10 поени.


Следниот меч во рамките од АБА лигата, МЗТ Скопје ќе го игра во недела (04.01.2015) со почеток од 21.00 часот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page