МЗТ Скопје Аеродром- Мега Лекс 84-79

2014 25 Дек

МЗТ Скопје го совлада составот на Мега Лекс со резултат 84-79 и ја оствари 5.та победа во АБА лигата. Во целосно израмнет меч во кој и двете екипи имаа свои моменти на добра игра, МЗТ Скопје Аеродром беше тимот кој на крајот одигра поцврсто и поискусно, па сосема заслужено дојде до триумфот.

Сите играчи од стартната петорка на МЗТ Скопје мечот го завршија со двоцифрен поентерски учинок. Сеад Шеховиќ беше прв стрелец со 19 поени, Синовец постигна 17, Цветковиќ 14 поени, 8 асистенции  и 7 скока, Лучиќ 11 поени, Предраг Самарџиски 10 поени и 9 скока.

Александар Мареља со 16 постигнати поени беше најефикасен играч во тимот на Мега Лекс, Марко Кешељ и  Душан Чантекин реализираа по 11 поени.

МЗТ Скопје ќе ги продолжи своите настапи во АБА лигата веќе во сабота, кога во рамките од 14.то коло на АБА лигата му гостува на тимот на Задар.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page