МЗТ Скопје Аеродром-Црвена Звезда 76-79

2014 23 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени на домашен терен од тимот на Црвена Звезда Телеком со резултат 76-79.  МЗТ Скопје одигра многу слабо прво полувреме во кое му дозволи на гостинот од Белград да постигне 55 поени и да има убедливо водство од 20 поени разлика.
Сосема поинаков тек доби натпреварот во второто полувреме, кога домаќините носени од огромната подршка од своите навивачи успеа да ја крене одбраната на завидно ниво, дозволувајќи им на кошаркарите на Црвена Звезда да постигнат само 6 поени во третиот период и да ја намалат негативата на само 5 поени разлика пред стартот на последните 10 минути.  Одличната игра на МЗТ Скопје продолжи и на стартот на четвртиот период, па во 34та минута по украдената топка и поените на Александар Цветковиќ, МЗТ Скопје за првпат на овој меч успеа да го превземе водството. До крајот на средбата продолжи неизвесноста, се играше кош за кош, но поквалитетната клупа и поголемиот број на квалитетни кошаркари во ротацијата кај гостинот се покажа како клучна,  па Црвена Звезда сепак успеа да дојде до победата на оваа средба.

Новиот триумф на Црвена Звезда, 13-ти по ред оваа сезона во АБА лигата, значи и поставување на нов рекорд во последователни победи во рамките од една натпреварувачка сезона.

Александар Цветковиќ беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје со 19 постигнати поени. Предраг Самарџиски оствари 17 поени заедно со 10 скока, додека Сеад Шеховиќ беше третиот играч со двоцифрен поентерски учинок со реализирани 14 поени.

Во победничкиот тим, Мајк Цирбес беше најефикасен со 13 поени. Маркус Вилијамс и Лука Митровиќ беа стрелци на 12, додека Боби Марјановиќ средбата ја заврши со 10 поени.

Својот следен меч кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го играат против екипата на МегаЛекс во четврток со почеток од 20.00 часот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page