Цибона - МЗТ Скопје Аеродром 70-61

2014 14 Дек

МЗТ Скопје Аеродром загуби од тимот на Цибона со резултат 70-61 на гостувањето во Загреб во натпревар од 12.то коло од АБА лигата. Настапувајќи без повредените Дамјан Стојановски и Марко Симоновски, избраниците на тренерот Боби Митев имаа сила да се носат со домашниот состав три четвртини. Само два поени предност имаа домаќините пред стартотот на финалната четвртина, и токму кога се очекуваше МЗТ Скопје да продолжи со добрата игра и конечно да го превземе водството, се случи неочекуван пад во играта на македонскиот шампион. Домашната Цибона успеа целосно да го искористи периодот на лоша реализација на МЗТ Скопје, па со неколку успешни напади создаде нова предност која што МЗТ Скопје немаше никаква шанса да ја надомести.

Дион Диксон беше прв стрелец во составот на МЗТ Скопје Аеродром со 18 поени. Покрај него, со двоцифрен учинок беше уште и Сеад Шеховиќ со 12 поени на кои додаде и 8 скока.
Во победничкиот состав Јуре Лалиќ беше најдобар поединец со 20 поени.

Во среда со почеток од 19.00 часот, МЗТ Скопје Аеродром гостува во Кавадарци за дуелот против Фени Индустри.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page