Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром- Левски Софија 72-61

2014 07 Дек

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром многу потешко од очекувањата успеа да слави над последно пласираниот тим на Левски од Софија со резултат 72-61. Катастрофалниот почеток, проследен со очајна игра и во одбраната, а посебно во нападот на МЗТ Скопје му донесе непријатна негатива од 14 поени разлика на полувремето.  Цели 19 поени разлика имаше гостинот од Софија во 25.та минута од мечот, по што следуваше еден од најголемите резултатски пресврти кои МЗТ Скопје ги има направено. Со цврста одбрана и балансиран напад, избраниците на тренерот Боби Митев во последните 15.минути успеаа да дадат дури 41 поен, а да примат само 10 поени и сосема заслужено да ја издвојуваат четвртата победа во АБА лигата.

Дион Диксон беше прв стрелец во нашиот тим со 20 постигнати поени. Марко Симоновски имаше 14 поени, Цветковиќ 12, Иван Маринковиќ 10 поени и 12 скока.
Во поразениот состав Христо Захариев со 15 поени и Станимир Маринов со 13 поени беа најефикасни играчи.

На четири минути до крајот на натпреварот, Дамјан Стојановски при еден влез во противничкиот рекет се здоби со повреда на коленото и мораше да го напушти мечот.

 

МЗТ Скопје во среда со почеток од 18.30 часот ги продолжува своите настапи, овојпат во домашниот шампионат каде што е домаќин на тимот на Карпош Соколи.