Игокеа-МЗТ Скопје Аеродром 61-76

2014 22 Ное

МЗТ Скопје Аеродром ја совлада екипата на Игокеа со резултат 61-76, и со тоа ја оствари првата гостинска победа оваа сезона и во ист момент ја прекина лошата серија од четири порази по ред. Избраниците на тренерот Боби Митев одиграа одличен натпревар, пред се во одбраната во кој што му дозволија на домашниот состав да даде само 61 поен. Конечно профункционира и играта во нападот што во комбинација со цврстата одбрана на МЗТ Скопје му донесе убедлив триумф на вечерашниот натпревар. МЗТ Скопје вечерва беше без црногорскиот интернационалец Сеад Шеховиќ, кој поради болест и висока температура не беше во можност да настапи.

Дамјан Стојановски со 20 постигнати поени беше прв стрелец на вечерашниот меч. Урош Лучиќ постигна 15, Марко Симоновски 12, додека Александар Цветковичќ имаше 10 поени и 9 асистенции.

Во тимот на Игокеа, Џонатан Џонс постигна 11 поени.

Следниот натпревар во АБА лигата и дуелот против Унион Олимпија е закажан за сабота (29.11.2014) со почеток од 21.00 часот, додека претходно во среда (26.11.2014 )МЗТ Скопје на домашен терен ќе ја пречека екипата на Струмица во натпреварите од домашниот шампионат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page