МЗТ Скопје Аеродром вечерва му гостува на Хелиос од Домжале

2019 12 Ное

Три дена по натпреварот од домашното првенство против Пелистер, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги очекува уште едно тешко гостување и тоа против словенечкиот претставник во АБА2-лигата, Хелиос од Домжале (19 часот).

Нашиот тим има скор 5-1 и е на делбата на првото место во регионалното натпреварување заедно со Борац Чачак, пред кого исто така е тешко гостување кај Сплит. Тренерот Ѓорѓи Кочов и неговите избраниците се максимално претпазливи пред овој дуел, пред сѐ поради квалитетот со кој располага противникот, кој има само една победа помалку во досегашниот дел од шампионатот. Фаворитската улога му е препуштена на домаќинот, што, сепак, не значи дека однапред се откажуваме од борбата за драгоцените бодови.

„Против себе имаме противник кој сезонава може да се пофали со одличен состав, кој игра добро во транзиција и кој е агресивен во одбраната. Хелиос сигурно е фаворит бидејќи игра на домашен терен, но за тоа кој ќе победи на оваа средба се прашуваме и ние. Се надевам дека ќе се прикажеме во вистинско светло и дека ќе дојдеме до посакуваната цел“, вели Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во Словенија отпатува комплетен, со новото американско засилување Ерон Харис, кој вечерва ќе го има огненото крштевање во АБА2. Досега имаме одиграно два меча против вечерашниот ривал, во кои обезбедивме исто толку победи и тоа во минатата сезона од истото натпреварување.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page