Прво полувреме за паметење: МЗТ јуначки го освои Задар и дојде на чекор до АБА-лигата!

2019 17 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со јуначка игра во текот на 40 минути, со зацртаниот систем во главата без разлика на случувањата на паркетот, попладнево, како гости, го совладаа Задар (89-83) и поведа со 1-0 во бараж-серијата за настап во АБА-лигата која се игра до две победи.

Аеродромци беа неверојатни во нападот во првото полувреме, за што доволно говори фактот што постигнаа дури 57 поени, шутот за три поени им функционираше беспрекорно (седум тројки), а во одбраната беа максимално борбени што резултира со голем број украдени топки. Сино-белите клучната серија ја направија уште во првите минути од средбата, кога по стартната тројка на противникот постигнаа десет поени во низа, за брзо потоа да дојдат и до првата двоцифрена предност (17-5).

Притисокот на избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов продолжи и до крајот на периодот, во кој имаа и огромни плус 15 (28-13), со што буквално ги примораа домашните навивачи да ги навредуваат своите миленици. Поранешниот капитен на Задар сега беше локомотива на МЗТ Скопје, за што доби и овации од трибините, што, пак, не им пречеше на гостите да продолжат да го полнат кошот на Задар, за првпат да ја минат границата од плус 20 веќе во 14. минута од средбата (44-24).

Во овој стил се продолжи и во третиот период, во кој тимот од Аеродром дојде и до највисока предност од 25 поени (72-47). Потоа следуваше период во кој тренерот на македонскиот тим мораше малку да ги одмори носителите на играта, што домаќинот делумно го искористи и со серија 22-9 да намали на негатива од само 12 поени (69-81) точно на средина од последната четвртина.

До крајот задрани тргнаа на сѐ или ништо, погодија неколку тешки тројки и сериозно се доближија до МЗТ Скопје, чии кошаркари, сепак, успеаја да го издржат крајниот налет и дома да си заминат со огромна победа.

Андрија Бојиќ со 24 поени и осум скока беше најдобар во составот од „Јане Сандански“, а за одбележување е фактот што од линијата за слободни фрлања имаше 8/8 иако не важи баш за прецизен шутер од оваа позиција. Веднаш зад него беше Џејмс Вудард со 22 поени (4/4 за тројка и седум скока, Иванов средбата ја заврши со 19 поени (7/7 за 1п).

Следниот меч од серијата која се игра до две победи е закажана за следниот вторник во Скопје.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page