Против Спарс во Сараево ја почнуваме офанзивата наречена – враќање во АБА!

2019 20 Мар

По шест месеци и 22 одиграни натпревари, за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродрон вечерва, во Сараево, почнува она вистинското во АБА2-лигата, а тоа е првата полуфинална пресметка против Спарс (20 часот) од плејофот за враќање во друштвото на најдобрите во регионалното натпреварување.

Станува збор за серија што се игра до две победи, што значи дека сино-белите денеска имаат шанса со триумф да направат огромен исчекор кон големото финале, кој потоа само би требало да биде потврден во реваншот в недела во „Јане Сандански“. Противникот е добро познат, а избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов ќе влезат максимално претпазливи без разлика што ги добија двете меѓусебни пресметки во регуларниот дел од првенството.

Сараевчани имаа низа од дури 19 победи по ред до неодамнешниот пораз во Скопје во резултатски небитен меч за двата тима, а последната средба пред денешната пресметка со МЗТ Скопје ја добија со неверојатни плус 79 (131-51) против некогашниот европски шампион Босна. Сето ова говори за сериозноста и квалитетот на вечерашниот противник на нашиот тим, против кого едноставно мора да бидеме најдобри што можеме.

„Нѐ очекува натпревар против екипа која добро ја познаваме и која ја респектираме. Спарс со досега прикажаното е заслужено во плејофот во лигата која оваа сезона беше навистина составена од квалитетни и изедначени тимови. Победите на овој ривал во регуларниот дел не значат ништо, бидејќи влогот сега е многу поголем. Среќни сме што се најдовме во доигрувањето, но сигурно дека ќе бидеме уште посреќни ако успееме да се пласираме во големото финале. Верувам дека моите играчи ќе влезат подготвени на овој меч на гостински терен, каде што Спарс беше скоро непобедлив во изминатиов период. Зад нас се девет месеци вложен труд и пожртвуваност, кои нѐ донесоа во плејоф-фазата. Двапати го победивме Спарс, а одигравме два изедначени меча со Приморска. Но, сега е нешто друго, сега се мечеви во кои нема поправен, бара многу концентрација, паметна игра и смирена рака. Се надевам дека играчите ќе дадат максимум и ќе се вратиме со победа во Скопје“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Реванш средбата е закажана за в недела во „Јане Сандански“, додека евентуалната „мајсторка“ ќе се одигра на 28 март во Сараево.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page