МЗТ Скопје Аеродром од третата позиција влегува во плејофот во АБА2!

2019 06 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од третата позиција ќе влезат во плејофот во АБА2-лигата, откако вечерва загубија на гостувањето кај Сутјеска (79-91) со што останаа без можност за искачување на втората стартна позиција пред доигрувањето.

Ова значи дека веќе е познато дека полуфиналето ќе го почнеме на 20 март во Сараево против од претходно познатиот ривал Спарс (БиХ), реваншот се игра во Скопје на 24 март додека при изедначена ситуација евентуалната „мајсторка“ би се играла на 28 март повторно во Сараево.

Сино-белите вечерва немаа сили да му парираат на шутерски расположениот тим од Никшиќ, каде што блескаше нашиот поранешен кошаркар, Никола Павличевиќ, кој средбата ја заврши со 28 поени и шут 7/11 за три поени. Сутјеска во третиот период дојде до позитива и од преку 20 поени, додека избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов доцна се разбудија, па добрата игра во последната четвртина (27-13) им донесе само намалување на конечната негатива.

Џејмс Вудард со 17 поени и Андрија Бојиќ со 16 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје, а двоцифрен поентерски ефект имаа уште Дарко Соколов и Дамјан Стојановски, кои реализираа по 10 поени.

Овој пораз значи дека последниот меч пред доигрувањето, следниот четврток токму против Спарс, ќе нема никакво разултатско значење.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page