МЗТ Скопје Аеродром го дозна противникот во полуфиналето од плејофот во АБА2!

2019 01 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со синоќешната убедлива победа во пресметката на домашен терен против словенечка Рогашка (84-70), на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот во АБА2-лигата, а воедно, со оглед на останатите резултати, го дознаа и името на противникот во полуфиналната пресметка од доигрувањето.

Станува збор за босанскиот претставник Спарс, кој дефинитивно ќе им биде ривал на аеродромци на првата пречка кон враќањето во регионалната елита, за што ќе им биде потребно да победат и во финалната серија или, пак, да бидат подобри во баражот со претпоследниот во АБА. Преостанатите два меча ќе решат кој од овие два тима ќе има поголеми шанси да се најде во големото финале, односно кој ќе ја има предноста на домашен терен во евентуалната „мајсторка“.

Во моментов екипата од Сараево е во нешто поповолна позиција за вакво нешто со оглед што во моментов има една победа повеќе во однос на сино-белите од Аеродром (15-14). Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов со две победи сигурно доаѓаат до целта, од кои особено клучна ќе биде таа во последното коло во „Јане Сандански“ токму против Спарс. Претходно, следната среда, тие му гостуваат на тимот на Сутјеска, кој истовремено води жестока битка за последното место во плејофот заедно со српските екипи Динамик и Борац Чачак. Трите екипи во моментов имаат учинок 11-9, а најдобриот од нив ќе се сретне со убедливо најдобриот тим сезонава, словенечка Сикст Приморска.

Полуфиналната серија почнува на 20 март, а ќе се игра и на 24 и 28 март. Пласман во големото финале ќе обезбеди екипата која прва ќе стигне до две победи.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page