Рутинска победа над Вршац: Самарџиски одличен во триумфот над фенерџијата во АБА2!

2019 30 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром без поголеми проблеми дојдоа до бодовите во вечерашната пресметка на домашен терен против српски Вршац (78-69), во меч од 18. коло од АБА2-лигата.

По релативно изедначениот однос на силите, сино-белите првпат посериозно се одлепија во финишот од втората четвртина кога не примивме ниту еден поен во последните 270 секунди, а во тој период постигнавме 14 поени во низа. Со тоа дојдовме до првата двоцифрена позитива и повеќе од солидни плус 12 на крајот од првото полувреме (41-29).

Растоварениот од било какви грижи фенерџија во регионалното натпреварување имаше шутерски ден погодувајќи 12 тројки, со кои одржуваше резултатски приклучок сѐ до средината на последниот период, кога со серија 9-0 повторно дојдовме до двоцифрена предност (68-58), која се покажа доволна за освојување на драгоцените бодови.

Предраг Самарџиски го одигра најдобриот меч по враќањето во „Јане Сандански“ и со 17 поени и шест скока покажа дека ќе биде големо засилување за вториот дел од сезоната. Џејмс Вудард и Иве Иванов додадоа по 11 поени, Дамјан Стојановски реализира 10 поени, додека Андрија Бојиќ застана на девет поени и девет скока.

Ова беше последен меч на домашен терен во регионалното натпреварување пред три неделната пауза поради куп-завршницата и репрезентативниот прозорец на ФИБА. Следната среда, „металците“ ќе му гостуваат на српски Динамик по што ќе може да се подготвуваат за фајналејт-турнирот од Купот на Македонија во Гевгелија (15-17 февруари).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page