Кочов: Им симнувам капа на момците за претставата во Домжале!

2018 19 Дек

На импресивен начин, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до триумф во синоќешниот дуел на гости кај некогашниот словенечки шампион Хелиос (92-73), што беше трета победа по ред за нашиот тим, а шеста во последните седум меча во АБА2.

Тренерот Ѓорѓи Кочов и да сакаше не можеше да најде било каква забелешка за своите играчи, особено поради фактот што средбата ја одигра само со шестмина првотимци. Тие го оставија срцето на терен во Домжале и покажаа дека со право атакуваат на самиот врв од табелата во регионалното натпреварување.

„И самиот резултат покажува дека заслужено дојдовме до победата. Моите кошаркари одиграа фантастично, им симнувам капа за претставата во Домжале. Големи пофалби одат и за моите помошници, кои одлично ја одработеа подготовката за овој натпревар“, изјави Кочов.

Аеродромци имаа одличен шутерски ден, особено од позицијата за три поени со оглед што постигнаа дури 14 тројки со речиси 50-отстотна прецизност. Нивната агресивност во одбраната, пак, им донесе дури девет украдени топки, кои најчесто ги крунисуваа со брзи противнапади и лесни поени.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page