И со преполовен тим лесно го средивме Хелиос среде Словенија!

2018 18 Дек

Трета победа во низа, а шеста во последните седум меча остварија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои славенички се враќаат од вечерашното гостување кај Хелиос (92-73) во меч од 12. коло од АБА2-лигата.

Успехот е уште позначаен со оглед што беше остварен речиси со само шест играчи, со оглед што тренерот Ѓорѓи Кочов не можеше да смета на дури четворица повредени репрезентативци на Македонија и тоа Дарко Соколов, Марко Симоновски, Андреј Маслинко, кои останаа во Скопје, како и Љубомир Младеновски, кој беше на клупата, но не можеше да им помогне на соиграчите.

Серијата 14-4 во финишот од првата и почетокот од втората четвртина на сино-белите им го обезбеди првото двоцифрено водство (33-21), со кое најавија дека се решени да сторат сѐ за да дојдат до бодовите во Домжале. Домаќинот делумно се врати на почетокот на второто полувреме, кога изедначи на 56-56, но потоа следуваше фантастичен период на составот од Аеродром. Кошаркарите на МЗТ Скопје во следните минути остварија серија 16-2 со која дојдоа до плус 14 (72-58), а набрзо потоа и до највисокото водство од 17 поени (78-61) на шест минути до крајот на мечот за потврда на драгоцениот триумф.

Српскиот интернационалец Андрија Бојиќ го одигра најдобриот меч по доаѓањето во Аеродром и беше прв стрелец со 35 поени на кои дополни и 11 скока. Одличен учинок имаа уште и Џејмс Вудард со 14 поени и пет скока и Андреј Магдевски со 13 поени и шест скока, додека Иве Иванов средбата ја заврши со 11 поени и девет асистенции, а Дамјан Стојановски со 11 поени. За одбележување е и настапот на Лестер Медфорд, кој на осумте постигнати поени додаде и 10 асистенции.

„Металците“, кои со овој триумф дополнително се зацврстија на втората позиција на табелата со скор 9-3, следната среда ќе го одиграат последниот меч во 2018 година и тоа на гости кај Борац од Чачак. Претходно, в сабота, на домашен терен ќе ги одмерат силите со Фени индустри во последното годинешно коло од домашната Прва лига.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page