Маслинко само го дополни списокот со повредени пред дуелот против Хелиос

2018 17 Дек

Андреј Маслинко е најновата „жртва“ во нашиот табор, кој поради повредениот скочен зглоб на завчерашниот дуел со Пелистер не се најде меѓу патниците за Домжале. Во Скопје останаа уште и Марко Симоновски и Дарко Соколов, кои сѐ уште се рехабилитираат од повреди поради кои веќе една недела се надвор од стројот. Релативно добра вест за тренерот Ѓорѓи Кочов е што во ростерот се враќа Љубомир Младеновски, кој исто така беше во аут поради проблеми со раката, но прашање е дали и колку ќе може да им помогне на своите соиграчи на пресметката во Словенија.

„Нѐ очекува незгоден дуел против екипа која игра одлично во последно време, за што е доказ и нивната неодамнешна победа во пресметката со АБА-лигашот Унион Олимпија во словенечкото првенство. Тоа се должи пред сѐ на нивното последно засилување, Блаж Махковиќ, што им дава многу повеќе опции како во нападот така и во одбраната. Ние, пак, во натпреварот влегуваме значително ослабени и со скусена ротација. Но, повторно верувам дека останатите кошаркари во тимот ќе дадат дури и повеќе од својот максимум и дека ќе успееме да славиме во Домжале“, вели тренерот Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов е второпласиран на табелата во регионалното натпреварување со скор 8-3 додека Хелиос е претпоследен со учинок 4-7. Првиот дуел во Скопје во септември заврши со убедлив триумф на нашиот тим со 92-79.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page