И без тројца повредени умешно ја решивме енигмата наречена Спарс!

2018 13 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до втората гостинска победа сезонава во АБА2-лигата, откако вечерва славеа во пресметката со Спарс (75-71) во Сараево во меч од 11. коло од регионалното натпреварување.

Иако настапивме десеткувани, без дури тројца македонски репрезентативци и тоа повредените Љубомир Младеновски, Марко Симоновски и Дарко Соколов, одигравме квалитетно и сосема заслужено дојдовме до посакуваните бодови. Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов доминираа во текот на сите 40 минути, а најдобар показател за тоа е фактот што домаќинот само во два наврати дојде до егал-ситуација, а ниту еднаш не беше во водство.

Како клучна за триумфот се покажа серијата 11-2 во финишот од третата и на почетокот од последната четвртина, со која беше вратено највисокото водство од девет поени (63-54). Тоа ја врати самодовербата кај нашите кошаркари по налетот на екипата од Сараево, кои потоа умешно го приведоа натпреварот кон „мирните води“. Домаќинот на крајот дојде и на само минус еден (71-72), но МЗТ Скопје Аеродром подобро се снајде во пенал-завршницата.

Американецот Џејмс Вудард го одигра сигурно најдобриот меч откако е дојден во нашиот тим и со 24 поени, пет скока и четири украдени топки беше најдобар во составот од Аеродром. Фантастичен беше и хрватскиот интернационалец Иве Иванов, кој средбата ја заврши со 19 поени и шест скока. Лестер Медфорд имаше учинок од 10 поени и по шест скокови и асистенции.

Македонскиот претставник во АБА2 сега има учинок 8-3 и е осамен на второто место на табелата, зад Приморска, која има скор 11-0. Следниот меч ни е веќе во вторник, кога ќе му гостуваме на словенечкиот тим Хелиос.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page