Без тројца стандардни првотимци ќе пробаме да го освоиме Сараево

2018 12 Дек

Без помошта на тројца репрезентативци на Македонија, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе пробаат да дојдат до триумф на утрешното гостување кај одличниот сезонава во АБА2-лигата тим на Спарс од Сараево (17.часот).

Натпреварот ќе го пропуштат Дарко Соколов, Љубомир Младеновски и Марко Симоновски, кои поради повреди на скочниот зглоб, раката односно препоните останаа во Скопје да се рехабилитираат. Ова е голем проблем за тренерот Ѓорѓи Кочов и тоа во најнезгоден момент, но тој е убеден дека останатите во тимот ќе сторат сѐ за да ја пополнат празнината во ростерот.

„Пред нас е дуел против екипа која поседува голем физички талент, а згора на тоа има и голем број искусни играчи во својот ростер. Кошаркарите на Спарс играат агресивна одбрана, одлично трчаат во транзиција и секогаш се агресивно на офанзивен скок. Наспроти ова, ние во Сараево доаѓаме сериозно ослабени, без тројца играчи кои се стандардни во нашата ротација. Но, сигурен сум дека останатите во мојот тим ќе најдат сила и ќе го надополнат нивното отсуство“, вели Кочов.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов е на делбата на второто место на табелата и тоа токму со Спарс, со оглед што двата тима во досегашните 10 кола остварија учинок 7-3 и се најдоа веднаш зад досега неприкосновената Приморска. За сино-белите ова, воедно, е и прво од трите врзани гостувања до крајот на годината во регионалното натпреварување во кои ќе пробаат да го потврдат досега прикажаниот квалитет, а со што ќе останат во трката за едно од првите четири места кои водат во плејофот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page