Кочов: На тие што ќе дојдат да нѐ бодрат им ветувам - дома нема да заминете разочарани!

2018 16 Окт

Македонскиот вицешампион МЗТ Скопје Аеродром пред една недела пропушти голема шанса да се врати славенички од најтешкото гостување во АБА2-лигата, што воедно е дополнителен мотив пред утрешната пресметка на домашен терен со Ловќен (19 часот).

Несреќниот пораз против Сикст Приморка веќе е архивиран и сите мисли се насочени кон составот од Црна Гора против кого ќе се обидеме да ја продолжиме победничката низа во дуелите во „Јане Сандански“ во регионалното натпреварување. Претходно, лесно и убедливо славевме против Хелиос и Борац Чачак, што ни дава за право да се надеваме на идентичен епилог и против Ловќен.

„Станува збор за екипа која никако не смееме никако да ја потцениме. Очекувам од моите играчи влезат со максимален пристап во натпреварот и да продолжат да го даваат тоа што од нив се очекува. Исто така, помошта од публиката е секогаш од големо знашење за нашата екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат да нѐ бодрат, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање“, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Црногорците со минимална победа над Рогашка (72-71) ја почнаа сезоната во АБА2, по што следеа два порази во низа и тоа од Сутјеска (71-81) на гости и Спарс (68-74) на домашен терен. Билетите за утрешниот меч против Ловќен се пуштени во продажба по цена од 50 денари.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page