Испечатете ја страната

„Крадливецот“ Вудард пак е меѓу најдобрите во колото во АБА2-лигата!

2018 06 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, заедно со Приморска и Сплит, се на делба на првото место на табелата во АБА-2-лигата со две максимални победи на стартот од новата сезона, а дополнителен доказ за добрата игра и форма е фактот што нашиот тим одново има свој претставник меѓу најдобрите индивидуалци во колото.

Американецот Џејмс Вудард во пресметката со Борац Чачак имаше дури седум украдени топки, со што убедливо беше прв „крадливец“ во втората рунда. Ова е неговото второ признание по ред, откако беше избран за најдобар кошаркар по првото коло.

Меѓу најдобрите по вториот круг од АБА2-лигата има и двајца поранешни играчи на МЗТ Скопје и тоа Радосав Спасојевиќ, кој со 24 постигнати поени го дели епитетот најдобар стрелец на колото, како и Никола Павличевиќ, кој со 11 успешни додавања е асистент број еден.