Испечатете ја страната

Нашиот Џејмс Вудард е играч на колото во АБА2-лигата!

2018 29 Сеп

Големо признание уште од првото коло во АБА2-лигата за Американецот во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, Џејмс Вудард, кој е избран за најдобар играч на првото коло од регионалното натпреварување.

Бекот-шутер имаше 25 индексни поени во убедливиот триумф на домашен терен против Хелиос (92-79), собрани со учинок од 19 поени, пет скока, четири асистенции и две украдени топки. Сино-белите имаат уште двајца кошаркари меѓу најдобрите во првото коло од регионалното натпреварување, со оглед што Андрија Бојиќ со 22 поени е трет стрелец, а Лестер Медфорд со девет успешни додавање беше втор најдобар асистент.

Следната шанса за потврда на квалитетот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе ја има веќе в среда кога на домашен терен ќе го пречека Борац од Чачак.