Лесно го преслушавме Хелиос за успешен старт во АБА2-лигата!

2018 27 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го почнаа настапот во АБА2-лигата, откако вечерва, на домашен терен, лесно и релативно убедливо го совладаа словенечки Хелиос со 92-79.

Сино-белите одиграа повеќе од солидно, иако им требаше време да го пронајдат вистинскиот ритам. Првата четвртина мина во блага иницијатива на гостите (27-21), кои погодија неколку тешки шутеви од далечина, а го имаа и доминантниот под кошот Ѓоко Шалиќ. Но, како одминуваше натпреварот, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов почнаа да играат како што се очекува од нив и полека, но сигурно ја намалуваа негативата, која потоа ја претворија во позитива со која заминаа на одмор (43-40).

Клучна за победата беше серијата 12-2 на почетокот од третиот период (55-42), која набрзо потоа беше зголемена на максимални плус 15 (63-48). Тоа, пак, како да донесе мало опуштање кај аеродромци, што гостите од Словенија го искористија да вратат со серија 10-2 (58-65) и да внесат мала нервоза на клупата на МЗТ Скопје Аеродром. Но, искусните домашни кошаркари брзо одговорија на овој напад и умешно ја задржаа позитивата до крајот за први два бода во АБА2.

Победата е уште позначајна со оглед што екипата од Аеродром настапи без стартниот центар и македонски репрезентативец, Љубомир Младеновски, кој имаше зголемена телесна температура и не можеше да им помогне на соиграчите. Андрија Бојиќ беше најдобар во македонскиот им со 22 поени и пет скока, Џејмс Вудард постигна 19 поени, додека Дамјан Стојановски и Иве Иванов застанаа на 16 односно 13 поени.

МЗТ Скопје Аеродром и следниот меч од АБА2-лигата ќе го одигра на домашен терен и тоа следната среда против еден од конкурентите за највисок пласман, српски Борац од Чачак.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page