Без преноси на македонска ТВ и интернет-стриминг од средбите во АБА2-лигата!

2018 26 Сеп

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром утре, на домашен терен против словенечки Хелиос (19 часот), ја почнува приказната наречена АБА2-лига, која, за жал на армијата навивачи на нашиот клуб, нема да биде пренесувана на некоја македонска телевизија.

Досегашните информации велат дека досега ниту една наша ТВ-куќа не ги има откупено правата за директни преноси од средбите од регионалната лига, кои се во сопственост Арена Спорт, а која, пак, ќе пренесува само по еден натпревар од секое коло. МЗТ Скопје Аеродром е на програмата за пренос на оваа специјализирана спортска телевизија дури во третото коло, кога му гостуваме на словенечкиот тим Приморска.

Управата на клубот во изминатиот период направи сериозни напори да обезбеди барем интернет-пренос од натпреварите кои ги играме во „Јане Сандански“ и тоа на сопствен трошок, со што барем делумно би им излегле во пресрет на нашите фанови, но одговорот беше негативен. Маркетинг-агенцијата која ги има сите права за АБА и за АБА2-лигата засега не дозволува стримување на натпреварите, но постои надеж дека нивното мислење наскоро би можело да биде променето.

Но, немањето телевизиски и интернет преноси би требало да биде дополнителен мотив за сите наши навивачи, симпатизери, но и на останатите кошаркарски вљубеници да се појават на трибините во спортскиот центар во Аеродром, почнувајќи од утрешната пресметка со Хелиос. За нив тоа би бил единствен начин, барем засега, во живо да се види настапот на избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов, а за нас, пак, нивното присуство и помош би биле ептен драгоцени во обидот да се вратиме онаму каде што и ни е местото – во елитната АБА-лига.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page