УНИ Банка и следната сезона ќе „настапува“ во дресот на МЗТ Скопје Аеродром!

2018 20 Сеп

Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром, откако солидно го засили играчкиот состав за новата сезона, засилено работи и на формирање што е можно посилен спонзорски тим кој би овозможил мирна работа на актерите на теренот, а во кој од пред неколку дена е и „УНИ Банка“ со седиште во Скопје.

Станува збор за една од најреномираните финансиски институции кај нас, која нуди широк спектар банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, до посредување во купопродажбата на девизи и хартии од вредност. Соработката со нашиот клуб доаѓа на прославата на 25-годишниот јубилеј од основањето на банката, во која работат околу 400 вработени, која има преку 200.000 клиенти, 30 експозитури, голем број банкомати и која прва воведе чип како заштитна технологија заедно со електронското плаќање преку интернет.

Финансиската помош од „УНИ Банка“ и тоа како ќе биде од помош на МЗТ Скопје Аеродром за претстојната сезона во која ќе сториме сѐ да дојдеме до седмата титула и десеттиот трофеј во Купот на Македонија, како и да се бориме за самиот врз во АБА2-лигата. Ова е втора година од меѓусебната соработка со банката, која се надеваме дека ќе продолжи во иднина.

Истовремено, се надеваме дека заедничката успешна приказна, како со „УНИ Банка“ така и со останатите спонзори, ќе биде и мотив повеќе за останатите општествено-одговорни компании кај нас да станат дел од нашиот победнички тим и да ни помогнат достојно да ја претставуваме Македонија како на просторот на поранешна СФР Југославија така и на европска сцена.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page