Family Aerodrom

Family Aerodrom е заедничкото име за сите навивачи на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Навивачката група е формирана во пролетта 1997 како легитимен наследник на Service Crew и Пирамида-Аеродром.

Service Crew е првата организирана навивачка група која застанала зад МЗТ Скопје во далечната 1987 година. Во времето на експанзија на тифо-движењето на Балканот се јавува оваа група која за краток период успева да изгради респектабилно име во навивачките кругови претежно истакнувајќи се по силината,инцидентите и начинот на дејствување. Инаку името Service Crew е позајмено од навивачите на Leeds United. 

Екипата на МЗТ Скопје во тој период настапува во првата југословенска лига па така со Service Crew имаат можност да се запознаат и дел останатите групи во СФРЈ. Луѓето кои тогаш биле на трибината си уште може понекогаш да ги видиме на натпреварите на МЗТ Скопје.

Во 1997 година Service Crew се ребрендира. Новото име на групата е Family Aerodrom. Асоцијацијата на името е јасна – сите во Аеродром се однесуваат како да се едно семејство, без разлика на годините или пак нешто друго.

Тоа се години во кои клубот е во најголема експанзија бележејќи ги најголемите успеси на мак-баскетот на европската сцена. Јане Сандански стана неосвоива тврдина за екипи од европскиот крем како Реал Мадрид,Порто,Улм и Бенфика , а навивачите беа едни од најзаслужните за тие подвизи.

Како што минуваа годините така и бројноста на трибината растеше. Најмногу се паметат дуелите со вечниот ривал Работнички и одличните изданија на нашата трибина. Кореографии претежно со најлони, шеталици колку цела трибина, пароли со содржина поврзана со случките околу клубот и околу групата.

Нешто подоцна МЗТ Скопје почнува да бележи послаби резултати но многу парадоксално бројноста на трибините станува се поголема. 

Отсекогаш групата ја красела нескршливата упорност, големото срце, фанатичноста при бодрењето и стихијноста. Во честите инциденти со полицијата неретко се случувало салата да мора да биде испразнета за натпреварот да се продолжи. 

Исто така ФА беше често изложена на своевидна хајка од медиумите кои велеа дека ние сме главниот душман на клубот кој од нас ќе пропати. Подоцна се испостави дека тоа не е вистина.

Од тој период вредни за споменување се гостувањето од 10 автобуси на ФА во Велес, инцидентот со Кумани кои се практично демолирани и многубројните дерби натпревари во кои се гради името на групата. Иако клубот стагнираше, во групата се работеше на полето на маркетингот, беа организирани гостувања, а бројот на членови беше си поголем.

На 31.03.2007 беше прославена 10-годишнината од активноста на групата. На роденденот беа присутни сите оние што биле дел од трибината па така покрај кореографијата,пиротехниката и паролите, групата се претстави со дотогаш незабележана бројност.

Вредно е да се спомене дека ФА често била дел и од натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација кога таа настапувала во салата ‘’Јане Сандански’’ 

Во последните години нашиот клуб беше соочен со големи финансиски проблеми. Тоа се одрази и врз резултатите на екипата кои беа на незавидно ниво. Ние како група тоа не можевме повеќе да го толерираме и затоа за првпат во нашата историја стапивме во бојкот. Тоа беше единствениот начин да и се покаже на управата дека е време да си замине. Бојкотот траеше една полусезона и беше успешно завршен.

Подоцна дојдоа уште поголеми проблеми затоа што во текот на економската криза никој не се нафаќаше да го преземе нашиот клуб. Неколку дена во медиумите се зборуваше како еден од бастионите на македонската кошарка е мртов. ФА тоа не го дозволи. За само 2-3 дена беше организиран марш за спас на клубот на кој се појавија сите оние кои што некогаш биле дел од нашата трибина и сите оние кои го носат МЗТ Скопје во срцето. Низ улиците на Аеродром промаршираа околу 800 луѓе кои покажаа и докажаа дека МЗТ не е мртов и дека секогаш ќе има некого зад него.

Потоа следуваше една од најдобрите полусезони на нашата група во која се уфрлија многу новитети, се работеше на едукација,по бројност бевме далеку пред другите, а сепак екипата заврши на претпоследното место.

 

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page