Спортски Центар Јане Сандански

Спортскиот центар Јане Сандански претставува мултифункционален објект кој содржи голема спортска Арена со капацитет од 6500 посетители, мала спортска сала со капацитет за 1000 посетители, конференциска сала, тениски терени, фитнес и аеробик центар, игротека…

Спортска Арена е направена според стандарди за одигрување на сите меѓународни натпревари во кошарка и ракомет. Спортската Арена е прва арена која има три детски зони со по 40 седишта, четири фан зони, и седум ВИП соби.

Во склоп на спортскиот центар има и Мала спортска сала, која е со димензии за кошарка и ракомет, и која има капацитет од 1000 седишта.

Голема сала

Мала сала